Барселона за јануари спрема неочекуван трансфер?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ако им верувате на шпанските медиуми, Барселона во јануарскиот преоден рок би можела да направи еден крајно неочекува потег.

Мундо Депортиво пишува дека Барселона сака да го купи Бранислав Ивановиќ, искусниот српски стопер кој со многу успех настапува за Зенит од Ст. Петерсбург.

Не е тајна дека Барселона на позицијата стопер првично сака да го виде младиот фудбалер на Ајакс, Матиjс де Лигт, но Ивановиќ би требало да биде привремено решение за клубот на Ноу Камп.

Каталонците западнаа во проблеми поради повреда во задниот ред посебно на Томас Вармелен и Самуел Умтити кои некое време ќе бидат надвор од терените.

Бранислав Ивановиќ(34) со Зенит до летото 2019 година и најверојатно би била прилично ефтина опција за Барселона но официјални информации за потенцијалниот трансфер сеуште нема.