Барселона има две стратегии за Делуфеу!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На стадионот Ноу Камп се повеќе се следи развојот на крилниот напаѓач, со што се подготвуваат и планови за лето.

Кога во зимото го позајмица Жерар Делуфеу од Евертон, со опција за купување, Винченцо Монтела и врвот на Милан сметаа дека добиле големо засилување за иднината.

Меѓутоа, тоа што пред неколку недели беше незамисливо, сега стана прилично реално – Милан ќе остане без шпанскиот крилен напаѓач, како и Евертон.

Она што, имено, во последните недели се случуваше е дека Барселона сериозно се активира и сега насекаде испраќа скаути да го гледаат некогашниот син.

Делуфеу игра како препороден откако го облече дресот на Милан – на девет натпревари запиша гол и три асистенции, а неодамна беше стрелец за Шпанија во пријателскиот меч со Франција.

Тоа  сериозно го охрабри спортскиот директор на Барселона Роберто Фернандез да се сврти кон младиот Шпанец и да ја искористи опцијата која веќе постои.

Имено, во веќе постоечкиот договор меѓу Барселона и Евертон каталонскиот гигант има опција да го откупи договорот на Делуфеу за само 12 милиони евра. И тој договор важи до 30 јуни, ден пред отворање на преодниот рок.

Се досега за таа опција не се размислуваше на Ноу Камп. Сега, сепак, ситуацијата е подруга.

Споменатата сума е прилично ниска, со оглед на тоа како Делуфеу моментално игра, но и гледајќи на карактеристиките на годините (23). Евертон така ќе заработи дупло повеќе пари отколку што вложи кога го купуваше во летото 2015 година.

Меѓутоа, во Барселона имаат спремни две стратегии за младиот Шпанец. Една е да го откупат договорот на Делуфеу, а играчот да го задржат во тимот, каде што практично ќе биде замена за трилингот Меси – Суарез – Нејмар. Втората стратегија е Делуфеу да го купат за споменатите 12 милиони евра, а тогаш да го препродадат по значително повисока цена.

Тоа што е важно да се напомени е дека Делуфеу нема да го прекрши правилото за играчот во иста сезона не може да игра за повеќе од два клуба.

Тој во оваа сезона веќе настапуваше за Евертон, сега за Милан, но неговото доаѓање во Барселона ќе биде остварено практично во  наредната сезона.

Дали е трајно или обиколница до некоја друга дестинација – ќе видиме.