Барселона подготви 130 милиони евра за две засилувања во јануари!?


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Барселона минатото лето ги донесе Видал, Малком, Артур и Ленгле, но никој од нив не ја задоволи управата.

Меѓутоа, првите зимски трансфери би можеле да ги израдуваат навивачите бидејќи станува збор за едни од најталентираните играчи во светот.

Фудбалерите на Ајакс, Френки де Јонг и Матијс де Лит се примарни цели на Барселона, кој е подготвена да понуди дури 130 милиони евра за нив.

Каталонски „Спорт“ пишува дека понудата ќе биде испратена наскоро, а Барселона во јануари конечно ќе ги среди проблемите во екипата.