Барселона прати понуда за Вилијан, Челси рече „НЕ“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бразилскиот крилен фудбалер Вилијан ќе биде баран ова лето.

Тој зад себе имаше прекрасна сезона со Челси, а моментално игра доста добро и на Светското првенство, а за неговите услуги од поодамна беше заинтересиран Манчестер Јунајтед, а во трката се вклучи и Барселона.

Како што денес пренесува Скај Спорт, Барселона им понудила на Плавите 50 милиони за овој фудбалер, но понудата наводно веднаш била одбиена, бидејќи Челси побарале 20 милиони повеќе.

Секако, ова е почеток на преговорите, а се очекува од Барса да понуди поголема сума, но прашање е дали за Челси ќе биде доволно.