Барселона продава двајца фудбалери за да ја задржи ѕвездата


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер, Лионел Меси уште се нема договорено со Барселона околу потпишувањето на новиот договор.

Меси со каталонскиот клуб има договор до летото 2018-та година, но во Барселона со сите сили се обидуваат да ја продолжат соработката со еден од најдобрите фудбалери во светот. Уште се немаат договорено, а проблемот наводно е големото барање на Лионел Меси.

Шпанските медиуми пренесоа дека Меси сака многу поголема плата со која ќе стане најплатен фудбалер во светот. Сепак, од раководството на Барселона изјавија дека во овој момент не се во можност да ја исполнат неговата желба и се надеваат дека на крајот ќе успеат да се договорат.

Мундо Депортиво пренесе дека Барселона размислува за можноста да продаде двајца фудбалери за да добие пари да го покрие новиот договор на Меси. Наводно, каталонците се спремни да ги продадат Арда Туран и Иван Ракитиќ за Меси да остане на Камп Ноу.

Каталонците од Туран очекуваат 30 милиони евра, а од хрватот Ракитиќ 40 милиони евра. Туран има понуда од Кина, а Ракитиќ е на мета на Манчестер Сити.