Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од редовите на Барселона го посакуваат Фелипе Кутињо и се подготвени да платат над 70 милиони фунти за неговите услуги.
Сепка, од Ливерпул се стопроцентно сигурни дека Бразилецот нема да го напушти „Енфилд Роуд“ ова лето. Кутињо потпиша продолжување на договорот со Ливерпул во јануари, а во договорот нема откупна клаузула.
Кога беше запрашан за Фелипе Кутињо, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп даде јасен одговор дека играчот не е на продажба: „Тоа е интересно прашање затоа што го знаете мојот одговор од претходно. Немам што да кажам ново за ситуацијата. Жал ми е што овие вести излегуваат без да бидам контактиран, па зошто би учествувал во нив. Правете што сакате со овие лажни вести, јас не сум заинтересиран“.
Барселона веќе има неколку неуспешни обиди да донесе засилувања на „Камп Ноу“ ова лето.