Барселона тргна по ѕвездата на Челси, но Абрамович прави проблеми!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона покажа интерес за играчот на Челси, Вилијан кој во моментов игра многу добро и на Светското првенство. Уште од претходно интерес за неговите услуги покажа Манчестер јунајтед, но очигледно Каталонците се „загрени“ за него.

„Скај спорт“ пишува дека Барселона испратила понуда од 50 милиони фунти до Лондон, но „сините“ ја одбиле бидејќи сакаат уште 20 милиони евра повеќе.

Секако, ова беше почеток на преговоритеи се очекува наскоро Барселона да испрати поголема понуда, но ќе видиме дали тоа ќе му биде доволно на Челси.

Од друга страна, треба да се очекува понуда и од „црвените ѓаволи“, кои набрзо ќе се вклучат во конкуренција.