Барселона ја „краде“ метата на АРсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал се соочува со голема конкуренција од Барселона во намерите да стигне до потписот на Томас Лемар од Монако.

„Топчиите“ не успеаја да го донесат францускиот интернационалец во последниот ден од летниот преоден рок. Монако тогаш ја прифати понудата од 90 милиони фунти за Лемар, но играчот одби да се пресели на „Емирати“.

Барселона никако не може да го добие Кутињо од Ливерпул, па парите кои ги доби од продажбата на Нејмар веројатно ќе ги насочи кон Французинот.