Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона не игра како што се очекува сезонава, а најголем проблем дефинитивно е одбраната.
Управата на Каталонците веднаш почна да бара засилувања за во јануари, а денеска се појави уште едно име во медиумите.
Барселона не може да смета на Самуел Умтити и на Томас Вермален, па поради тоа би можеле да го ангажираат Дејан Ловрен.
Наводно, Каталонците се подготвени да го купат уште во јануари, но не е позната сумата за откуп.
Ловрен има договор до 2021. година, а тоа значи дека Ливерпул нема лесно да го пушти да замине.