Барселона ќе го менува грбот, но тоа ќе се случи и со – името!? (ВИДЕО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Барселона пред неколку дена потврди дека од наредната сезона ќе има нов грб, односно ќе направи преработка на сегашниот.

Каталонскиот клуб го претстави дизајнот на новиот грб пред неколку дена на својата официјална страна, а новост е тоа што на грбот повеќе нема да бишува „ФКБ“.

Исто така, шпанските медиуми пишуваат дека тоа не е единствена промена, која сака да ја направи клубот за во иднина.

„Мундо Депортиво“ пишува дека управата е подготвена да го смени името на клубот. Доколку собранието го прифати предлогот на клубот, тие повеќе нема да се викаат Барселона, туку само – Барса.