Басконија со пресврт до победа против Бетис – Девет поени на Војдан во поразот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Басконија го победија на домашен паркет Реал Бетис во натпревар од 27-мо коло во АЦБ лигата, 79:75.

Гостите во првата четвртина стигнаа до седум поени предност, 8:15. Басконија успеа да намали до четири негатива, но после десет минути игра Реал Бетис имаше водство од седум поени, 12:19. Во втората четвртина кошаркарите на Реал Бетис не го испуштаа водството и на полувреме заминаа со пет поени предност, 30:35.

Домашните кошаркари стигнаа до израмнување, 39:39. По подолго време Басконија имаше водство на натпреварот, 48:47. Во последните десет минути од натпреварот гостите влегоа со минимално водство, 53:54. Басконија во последната четвртина направи пресврт и на крајот победи со 79:75.

Бадингер и Ларкин ја предводеа Басконија со по 15 поени. Кај Реал Бетис најефикасен натпреварот го заврши Махалбашиќ со 17 поени. Македонскиот кошаркар во тимот на Реал Бетис, Војдан Стојановски постигна 9 поени.