Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Швајцарското обвинителство поткрена вчера кривична постапка против легендарниот германски фудбалер Франц Бекенбауер и уште три лица поради наводна корупција при доделување на организацијата на СП во 2006 година на Германија.
Етичкиот комитет на Светската фудбалска федерација (ФИФА) уште во март поткрена постапка против шест лица, вкучувајќи и Бекенбауер, поради сомневање во корупција при доделување на Мундијалот во Германија, а швајцарското обвинителство вчера потврди дека на основа на таа истрага е поткрената кривична постапка против легендарниот германски фудбалер.
Како што пишува германскиот неделник Шпигел, Бенкебауер е осомничен за перење на пари и злоупотреба на довербата додека бил шеф на организацискиот одбор на германската кандидатура за домаќин на СП во 2006 година.
Шпигл во октомври минатата година објави дека Организацискиот одбор на германската кандидатура за домаќин на Мундијалот во 2006 година, на чие чело беше Бекенбауер, основал црн фонд од 6.7 милиони евра, а дека таа сума ја обезбедил поранешниот директор на Адидас Роберт Луис – Драјфус.
Како што наведе неделникот, парите се исплатени пред ФИФА да ја донесе одлуката за домаќин на Мундијал, за да се обезбедат гласови од четворица азиски делегари од вкупно 24 членови на Извршниот комитет на ФИФА.
ФИФА на 6 јули 2000 година го додели домаќинството за Светското фудбалско првенство на Германија. Азиските делегати се приклучија на европските во гласањето за Германија, која со 12:11 ја победи Јужна Африка, поради тоа што Чарлс Демпси од Нов Зеланд се воздржа од гласање.