Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хектор Белерин се извини на навивачите на Арсенал после синоќешниот пораз од Баерн Минхен со 5:1.
Баерн во двата натпревари славеше со вкупно 10:2 и обезбеди пласман во 1/4 финалето од ЛШ, а Арсенал останува дома.
Белерин после натпреварот призна дека навивачите заслужуваат многу повеќе од ова. Изјави дека го боли тоа што некои навивачи си заминаа пред судискиот свиреж.
Белерин тврди дека целиот тим стои позади Венгер.
„Целата екипа стои позади менаџерот. Тој го направи овој тим кој функционира. Во фудбалот има добри и лоши периоди. Сега сме во лоши моменти но мора самите себе да се обвинуваме. Да заборавиме се и да се концентрираме на наредните натпревари. Мораме да се обидеме да ја завршиме сезоната на добар начин“ – изјави Белерин.