Бентанкур на лето ќе го облече црно-белото – Бока ќе заработи 9.5 милиони евра


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Уругвајскиот фудбалер овој месец ќе ги помине медицинските прегледи во Торино.

Преодниот рок е готов, но раководството на Јувентус гледа кон јуни. Шампионот на Италија според Тутоспорт го договори првиот трансфер за следниот преоден рок, а се работи за фудбалерот на Бока Јуниорс, Родриго Бентанкур.

Старата дама ќе плати 9.5 милиони евра, а на Бока ќе му следуваат бонуси во зависност од квалитетот на уругваецот.

Бентанкур во февруари ќе стигне во Торино да ги помине медицинските прегледи.

„Родриго е млад фудбалер, но има многу искуство. Помалку ме потсетува на Погба или Нзонзи по стилот на играта. Кога се работи за карактерот повеќе ми личи на Валтер Самуел или Хавиер Занети. Има одлична техника и мислам дека е идеален за формацијата која ја користи Масимилијано Алегри. Се разбира, млад е, па уште мора да работи на концентрацијата во текот на целиот натпревар“, изјави Гиљермо Барос Скелото, тренерот на Бока.

Со Бока, Бентанкур ја освои титулата во 2015-та година во домашното првенство, а досега на 40 натпревари одиграни за аргентинскиот клуб има постигнато 1 погодок.