Бергеруд јунак – Норвешка после продолженија ја победи Хрватска


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ракометарите на Норвешка ја победија Хрватска после продолженија со 25:28 во полуфиналето на СП.

Хрватите започнаа со погодокот на Хорват од пенал. Потоа се чекаше на погодок до шестата минута кога Контрец зголеми на 2:0.

Хорват и Дувњак со двата погодоци во низа во 11-та минута, Хрватска имаше водство, 4:1. Со двата погодоци на Хансен и Бјорнсен, Норвешка стигна до првото водство на натпреварот, 6:7.

Хрватска преку Муса и Степанчиќ во врати водството, 8:7. Мирхол, два пати Танген и Бјорнсен погодија за 8:11. Хорват и Степанчиќ намалија на еден погодок негатива, 10:11.

На полувреме Норвешка замина со два погодоци предност, 10:12.

Мамиќ и Хорват во второто полувреме го израмнија резултатот, 12:12. Норвежаните со погодоците на Мирхол и Сагосен ја вратија предноста од два погодоци, 13:15.

Двата погодоци на Мамиќ и едниот на Степанчиќ му донесоа водство на Хрватска, 16:15. Мамиќ и Дувњак зголемија на 18:16 во 44-та минута.

Гулеруд, Сагосен и Јондал десет минути пред крајот на натпреварот му донесоа водство на Норвешка, 18:19. Хрватите со три погодоци во низа ја вратија предноста, 22:20. Штрлек, Хорват и Контрец беа прецизни.

Пет минути пред крајот на натпреварот Хрватска имаше минимална предност, 22:21. Сагосен минута пред крајот на натпреварот го израмни резултатот, 22:22. Во последната минута од натпреварот Бергеруд му одбрани пенал на Хрватска и натпреварот го одведе во продолжение.

Мамиќ и Хорват погодија за 24:22 на почетокот на првото продолжение. До крајот на првото продолжемое Тонесен и Јондал го израмнија резултатот, 24:22.

Норвежаните во второто полувреме постигнаа два погодоци преку Танген, Мирхол и Тонесен за 25:28. Норвешка на крајот победи со 25:28 и во финале ќе игра против Франција.

Бјарте Мирхол со 6 погодоци ја предводеше Норвешка. И голманот Бергеруд со 16 интервенции имаше голем придонес во победата на Норвешка. Златко Хорват кај Хрватска беше најефикасен со 6 погодоци.