„Берлускони критикуваше само кога победуваме“


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Силвио Берлускони никогаш не сакаше да ги критикува тренерите во Милан, освен кога тимот победувал, открива некогашниот стратег на Росонерите Карло Анчелоти.

„Прекрасна работа во врска со Берлускони е дека ме критикуваше само после мечевите во кои победувавме. Сакаше да ни дава нови идеи.

Критики стигнуваа само кога нас ни одеше добро. Кога немаше да ни оди, зборуваше: Не грижете се, ја имаш мојата поддршка, сите веруваме во тебе.

Во тешките моменти, не сакаше да долева масло на огнот.

Сакаше да се меша во тренерската работа, но единствено во добрите времиња, кога зборуваше дека требаше да играме со уште еден центарфор.

Беше многу добар кога се во прашање мотивацијата и поддршката, за разлика од останатите претседатели“,  изјави секогашниот тренер на Баерн.

Анчелоти го предводеше Милан до две титули во ЛШ, 2003 и 2007 година.