Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После повеќемесечно одложување, зделката конечно е завршена.
Фудбалскиот клуб Милан после 31 година ќе има нов сопственик!
Силвио Берлускони денеска и официјално го продаде Милан на кинескиот конзорциум на чие чело е милијардерот Јонгхонг Ли.
„Заминувам денеска после повеќе од 30 години одговорност и водење на клубот Милан. Го работам ова со болка и емоција, но познавајќи ја модерната игра – да се натпреваруваме на највисоко европско и светско ниво тоа бара вложување и ресурски што една фамилија не е способна да го покрие. Никогаш нема да ги заборавам сите луѓе со коо имав привилегија да бидам претседател во овој клуб со кој освоив многу.
Пред се, нормално, тука се големи тренери и големи шампиони кои направија се ова да биде вака и да остане запишано засекогаш во историјата на фудбалот. Да ги наведам нивните имиња едно по едно не е можно, па затоа испраќам голема прегратка до сите нив. Истата прегратка оди на тие кои беа не манаџерските, техничките, административните и медицинските позиции и направиме за Милан да не биде тим, веќе еден режим во светот на фудбалот.
Меѓу останатите, ќе го споменам Адријано Галијани, кој беше неуморен градител на се, мотор.
Благодарам од се срце на навивачите. Милиони навивачи кои ги полнеа стадионите ширум светот и зборуваа Форза Милан, многу други кои физички беа далеку, но беа многу блиску со своите симпатии и енттузијазам. Без нив, победничкиот Милан немаше да постои. Со нив освоивме се што можеше да се освои. Пред очите и во срцето ми е моментот кога цела таа поддршка ми помогна и ме придвижи.
Сакам да ви кажам дека ја напуштам секоја оперативна функција, секогаш ќе бидам прв и најголем навивач на Милан, тимот кој мојот татко ме научи да го сакам како дете, со тимот со кој сонот го остваривме заедно.
Новите сопственици сакаат се најдобро, сакам да постигнат дури и повеќе од она што сите заедно го остваривме. На тие што останува, играчите, тренерите, вработените во клубот, сите навивачи – им посакувам многу големи успеси. Сакам секој од нив да оствари во спортот и животот, да ги остварат своите проекти и сонови кои се наоѓаат во нивните мисли и срца, а се тоа со луѓе кои ги сакаат“.
.”