Беше желба на Конте, а сега ја заврши сезоната!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што стои на официјалната страна на Баер од Леверкузен, еден од нивните најдобри играчи е строго казнет од страна на ФИФА.

Турскиот репрезентативец и “плејмејкер“ на Баер Хахан Чалханоглу, заработи четири месечна казна за забрана за играње на официјални мечеви во сите натпреварувања под поткровителство на ФИФА!

Причината за казната датира уште од 2011 година, а се однесува на договорот кој тогаш играчот за врска на Фармацевтите, како играч на Карслуе го потпиша со турскиот Трабзон.

Имено, тогаш со екипата на Трабзон, уште како малолетник, договори соработка, но подоцна го прекрши договорот и замина во ХСВ.

Патот со време го доведе и на Бај Арена, а сега екипата од Леверкузен ни крива и должна ќе страда во клучниот дел од сезоната.

„Оваа одлука е целосно неразумна за нас. Ова е тежок удар за Хакан но и за нашиот клуб. И не сме жестоко казнети иако Баер Леверкузен немаше ништо со случувањата од 2011 година. Останавме без многу важен играч во клучниот дел од сезоната“, изјави спортскиот директор на Фармацевтите Руди Фелер.

Бидејќи казната е во траење од четири месеци, сосема е јасно дека сезоната за „мајсторот на слободни“ е завршена.

Во текот на зимата се шпекулираше дека Антонио Конте е заинтересиран за Чалханоглу да се пресели во редовите на Челси, кога сега ќе погледнеме што се случува со турскиот репрезентативец, јасно е дека управата на клубот од Стенфорд Бриџ, добро постапила што се откажале од тој трансфер.