Бешикташ го потврди заминувањето на Пепе, Англија нова дестинација?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денес и Бешикташ официјално се прости од искусниот Португалец Пепе, со кој договорено ја раскинаа соработката.

Пепе од минатото лето константно се поврзуваше со премнување во Волверхемптон, но сепак остана во Бешикташ. Меѓутоа, откако Бешикташ поради финансиски проблеми го поништи неговиот договор, Волвс повторно дојдоа во прв план.

Искусниот Португалец сеуште не размислува да се пензионира, а како слободен играч може да преставува значајно засилување за некои клубови.

Токму Волверхемптон во Пепе гледа одлично засилување за вториот дел од Премиер лигата, а фактот дека во овој тим би дошол бесплатно, значително ги привлекува челниците на овој клуб.

Јасно е дека Волвс не се единствени заинтересирани за 35 годишниот Португалец, па ќе биде интересно кој ќе успее да го „намами“ во своите редови.