Бејл му предложил на Перез играч кој би требало да го доведе, но подобро да не го направел тоа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сиве овие години Бејл беше во сенка на Роналдо, но се надева дека оваа година конечно ќе покаже дека може да го води тимот, како што тоа го правеше и Португалецот.

Од Велшанецот се очекува многу и сигурно тој посакува барем една сезона конечно да ги заобиколи повредите.

Реал Мадрид по заминувањето на Роналдо не доведе звучно засилување како што се очекуваше, а навивачите веруваат дека Перез ќе им надокнади во јануари.

Наводно свој предлог дал Бејл, но навивачите се изненадени од предлогот на Велшанецот.

Ккао што пренесуваат медиумите Бејл препорачал да се доведе Арон Ремзи од Арсенал, соиграчот на Бејл од репрезентацијата.

На Ремзи му истекува договорот оваа сезона, а Арсенал не е во план да му го продолжи, па не би му сметало да го продаде во јануари или пак Реал да го доведе бесплатно наредното лето како слободен играч.

Сепак, овој предлог изненади многумина, бидејќи навивачите на Кралевите веруваат дека Ремзи и не е баш некој квалитетен играч за нивниот клуб.

Но, дали Перез ќе го усвои предлогот на Бејл, останува да видиме.