Бејл: Јас сум имал проблеми со Роналдо? Тоа се само медиумски лаги!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Ѕвездата на Реал Мадрид, Герет Бејл реши да го прекине молкот, откако шпанските медиуми долг период пишуваат за тоа какви односи имал репрезентативецот на Велс со неговиот поранешен соиграч Кристијано Роналдо.

Фудбалерот од Велс вели дека сите проблеми со Роналдо се измислени, односно ништо од тоа што го пишуваат медиумите не е вистина.

„Роналдо е фантастичен фудбалер и навистина е одлично чувствотот да се игра со него. Ние немавме проблем, тоа беа лаги од медиумите. Супер соработувавме со Роналдо“, вели Бејл.

Да потсетиме, Бејл во Мадрид пристигна од Тотенхем, а сезонава од него се очекуваше да биде вистински предводник на Реал, по заминувањето на Роналдо, но такво нешто не се случи, па навивачите и управата на „кралевите“ се разочарани од него.