Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Пораншениот кошаркар на Бостон и Орландо, Глен Дејвис ќе се обиде да се врати во НБА лигата.
Тој не играше професионално 2 години, но 31-годишниот кошаркар има намера да се врати во НБА.
Тој започна со напорни тренинзи и жестоко тренира за да влезе во форма, па би сакале повторно Дејвис да го гледаме на НБА паркетите.
Овој 206 см висок крилен центар зад себе има 8 НБА сезони.
Четири сезони помина во Бостон каде во 2008 година ја освои титулата.
Најдобро играше во Орландо во сезоната 2012/13 кога постигнуваше по 15 поени во просек.