Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Челси Хуан Квадрадо се врати на позајмица во Јувентус.
Колумбиецот повеќе пати истакна дека неговата желба е да остане во Торино, а таа му се исполни во последниот ден од преодниот рок кога стигна на тригодишна позајмица во Јуве.
„Бев возбуден кога ги видов навивачите на стадионот. Воодушевен сум со поддршката која ја добив“, рече Квадрадо, и додаде:
„Навистина направив се што можев да го напуштам Челси, и благодарам на Бога, повторно сум во Јувентус. Пресреќен сум што вака заврши“.
Хуан Квадрадо во минатата сезона одигра 28 натпревари во Серија А и постигна четири погодоци со шест асистенции.