Блинд со трансфер се враќа во суровата реалност?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Блинд би можел на крајот на оваа сезона да замине од Јунајтед.

Блинд е фудбалер кој навивачите на Јунајтед не го почитуваат многу затоа што го сметаат за еден од најслабите во тимот, а по се изгледа дека на крајот на сезоната би можел да се врати во Ајакс.

Токму од Ајакс овој 27-годишен играч во 2014-та година стигна во Јунајтед, но таму не се прослави.

Блинд има договор со Јунајтед уште една сезона и во Ајакс сметаат дека токму тој факт би можел да им ја олесни работата да го донесат овој фудбалер.

Блинд оваа сезона одигра 18 натпревари за Јунајтед во ПЛ и постигна 1 гол и 2 асистенции.