БМВ го менува Ауди во Баерн: Баварците добиваа – 800 милиони евра!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Автомобилскиот гигант БМВ и Баерн Минхен договориле спонзорска соработка вредна дури 800 милиони евра за 10 години.

Баварскиот гигант во моментов соработува со Ауди. Тие им плаќаат годишно околу 30 милиони евра, но БМВ нуди многу повеќе пари.

Компанијата нуди дури 80 милиони евра на годишно ниво, односно речиси трипати повеќе од сумата на Ауди.

Од први јули салата Ауди ќе добие нов име, но уште не е познато кога ќе почне нивната соработка. Постои можност таа да почне наредната година, а во најлош случај тоа би се случило во 2021 година.

Интересно е тоа што во целосниот договор е вмешан легендарниот голман Олливер Кан. Тој во наредната година ќе стане член на раководството, а за две години треба да стане и претседател.