Боатенг потполно заборави на Меси: Најдобриот играч со кој сум играл?


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Кевин-Принц Боатенг оваа зима во доста изненадувачки трансфер го напушти Сасуоло и ја засили Барселона.

Некогашниот репрезентативец на Гана во интервју за официјалнот канал на Барселона имаше еден одговор кој најверојатно нема да му се допадне на навивачите на каталонскиот великан кој на првата позиција го пласира Лионел Меси.

Боатенг одговараше на брзи, кратки прашања. Но кога дојде до прашањето за кој е најдобриот играч со кој некогаш играл, Боатенг изјави дека тоа е Златан Ибрахимовиќ, со кој ја делеше соблекувалната во Милан.

Така Боатенг потполно заборави на својот сегашен соиграч Лионел Меси, кој многумина го сметаат за најдобар играч во целиот свет. Или можеби беше само искрен?

Било што било, навивачите на Барселона сигурно нема да го почитуваат овој одговор бидејќи Боатенг го избра Ибрахимовиќ. Тој баш и немаше добра разделба со Барселона и неговата „епизода“ на Камп Ноу кратко траеше.