Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реваншот во финалето на Копа Либертадорес помеѓу Ривер плејт и Бока јуниорс е закажан за деветти декември во Мадрид.
Ривер поради лошата организација на дуелот во Буенос Аирес доби казна од 400.000 долари и два натпревари без публика на „Монументал“.
Сепак, раководството на Бока не се согласува на нов натпревар, па сметаат дека треба да го добијат веднаш трофејот без борба поради каменувањето на нивниот автобус, при што беа повредени неколку фудбалери.
Бока најави нова постапка, па клубот ќе оди и пред Судот за спортска арбитража, ако постапката не помине пред комисијата на КОНМЕБОЛ.
Да потсетиме, реваншот требаше да се одигра на 24 ноември на „Монументал“, но поради нападот на навивачите на Ривер, тој беше неколку пати одложуван.
Инаку, првиот дуел помеѓу Бока и Ривер заврши без победник, односно 2-2 на „Бомбоњера“.
Comunicado de prensa ? https://t.co/MU5QW2Kms1 pic.twitter.com/mKDII4k2u7
— Boca Jrs. Oficial ?? (@BocaJrsOficial) November 29, 2018