Болница во Арсенал – Нови маки за Венгер


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Големи проблеми има Арсен Венгер пред натпреварот од ФА купот против Престон.

Фудбалерот на Арсенал, Кокелан ќе паузира еден месец поради повредата на задната ложа изјави тренерот на Арсенал, Арсен Венгер.

Помали проблеми со повреда имаат Кошчиелни и Перез кои исто така ќе го пропуштат натпреварот против Престон.

Натпреварот против Престон ќе го пропуштат Алексис Санчез и Месут Озил кои Венгер сака да ги одмори.

Сите останати ќе бидат во комбинација пред многу важниот натпревар по зборовите на Венгер бидејќи Арсенал го гледа ФА купот како еден од приоритетите.