Болт го исмејува Погба: Трката од 100 метри е пократка од твојот залет за изведување на пенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед вчера славеа на свој терен со 2-1 против екипаа на Евертон.

Црвените Ѓаволи успеаа конечно да дојдат до три бода, одигрувајќи еден добар натпревар. Домашните поведоа со голот на Пол Погба кој најпрво промаши пенал, но затоа успеа одбиената топка да ја смести во мрежата на гостинскиот голман.

Сепак, францускиот фудбалер стана мета на исмевање на социјалните мрежи, веројатно поради спориот залет при изведување на пеналот.

Дури се огласи и Усаин Болт на Инстаграм кој порача дека трката на 100 метри трае пократко отколку залетот за пенал на Погба.