Болт доби двегодишен договор од клуб од Европа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јусеин Болт кој во моментов е на проба во австралискиот прволигаш Сентрал Коуст Маринерс доби понуда за двегодишна соработка од малтешкиот клуб, Валета.

Болт имаше одличен настап против Мекартур Саут Вест Јунајтед на натпреварот во кој постигна два погодоци по кои веднаш стигна понуда од Малта.

Спортскиот директор на Валета, Гастон Слимен истакна дека тие сакаат да го донесат Болт пред натпреварот од Супер Купот на Малта во кој Валета ќе се сретне со Балзан и кој на програмата е на 13 декември.