Болт доби предизвик: Белерин го чека на атлетската патека


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хектор Белерин е познат како еден од најбрзите играчи на светот, а кога минатата година го собори рекордот на Тео Волкот на 40 метри се охрабри дека би можел да го престигне и Усаин Болт.

„Не ме прашувајте ништо околу тоа. Чекам повик од Јамајка, го предизвикав по Рио. Затоа чекам и не најавувам ништо“, изјави Белерин.

„Нашата екипа има полно брзи играчи. Еве и Алекс Окслејд-Чембрлен постојано вели дека сака да се трка со мене и Тео, но никако да се организираме“, додаде играчот на Арсенал.