Болт се налути на допинг контролата: Јас не сум ниту професионален фудбалер!

Најбрзиот човек во светот Јусеин Болт почна фудбалска кариера во Австралија, каде што постигна два гола.

Болт имаше одлично деби за австралискиот клуб, но радоста му ја расипа анти-допинг агенцијата.

„Како е можно да бараат тест кога немам професионален договор. И покрај сите силни допинг-тестови кога бев во атлетиката, повторно бараат да се тестирам“, кажа Болт.

Болт сака да потпише професионален договор со Центра Коуст Маринерс, а претходно беше на проба во Борусија Дортмунд.