Бомба од Манчестер – Цената нема да биде никаков проблем


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Шеиците нема да штедат во обидот да го доведат најдобриот напаѓач во Серија А.

Според италијанските медиуми, Манчестер Сити се вклучи во лицитацијата за Андреа Белоти, еден од најубиствените напаѓачи во светот и најдобриот напаѓач во Серија А.

Постои една разлика во однос на конкуренцијата. На раководството на Манчестер Сити нема да му претставува проблем цената бидејќи по секоја цена го сакаат Белоти.

Белоти во оваа сезона во 24 првенствени натпревари за Торино постигна 22 погодоци, а се шпекулира дека заинтересирани за овој напаѓач се и Арсенал, Челси и Баерн Минхен. Италијанецот во договорот има клаузула од 86 милиони евра.