Бомба од Шпанија: Коларов оди во Ла Лига?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според пишувањата на Елгол Дигитала, за услугите на српскиот репрезентативец сериозно е заинтересиран Атлетико Мадрид, кој се врти кон нови решенија, бидејќи најверојатно ќе останат без бековите Фелипе Луис и Лукас Хернандез.

Додека Хернандез треба да потпише за Баерн, Фелипе Луиз се почесто се поврзува со Реал Бетис кој сака да го ангажира веќе во јануари.

Симеоне би можел да остане во дефицит на позицијата на лев бек, а тука Коларив би се наметнал како идеално решение и покрај тоа што има 33 години. Со обзир на тоа дека е во одлична физичка спремност, годините на Коларов воопшто не се гледаат на терен и сигурно е спремен за уште неколку години врвен фудбал.

Постои опција во целата приказна да влезе и Томас Партеј, кој е незадоволен во Атлетико, а Рома би сакала да го види во својот тим, па се шпекулира дека 25 годишниот играч од средниот ред од Гана би можел да биде дел од овој трансфер.

Александар Коларов позади себе има богата кариера, а член на Рома е од 2017. година кога потпиша договор до летото 2020.