Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот фудбалер Бојан Кркиќ денес би требало да потпише договор со новиот клуб.
Некогашната голема надеж на Барселона промени доста клубови во кариерата, а се чини дека дојде ред да се проба и во турската Супер лига.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, тој денес ќе биде претставен како ново засилување на Сиваспорт со кој ќе потпише едногодишен договор.
Кркиќ во Сиваспорт доаѓа од Стоук Сити чиј член е од 2014. година, а до сега беше на две позајмици и тоа во Мајнц и Депортиво Алавес.
Во текот на оваа сезона 28 годишниот напаѓач запиша 13 настапи за Стоук во Чемпионшип и постигна еден гол.
Кога е во прашање Сиваспорт треба да се каже дека оваа екипа моментално е на 9. позиција во турскиот шампионат.