Бразилецот и претседателот на Барселона се смирија: Нејмар сакал да се врати во Каталонија!?


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Нејмар неодамна престојуваше во Барселона, каде што ги посети поранешните соиграчи, а веднаш почнаа шпекулациите дека ќе се врати во екипата.

Нејмар во Барселона играше четири години и освои многу трофеи, но лани се пресели во ПСЖ за 222 милиони евра. Бразилецот не остана во добри односи со управата, од која бараше 26 милиони евра за верноста која не ја покажа.

Меѓутоа, тоа се смири по неговото заминување во ПСЖ. Бразилецот многу често доаѓа во посета кај Каталонците, каде што се дружи со Лионел Меси и останатите.

Според шпанските медиуми, Нејмар покажал желба да се врати еден ден во Барселона, односно конечно успеал да ги поправи односите со претседателот на клубот, Жозеп Бартомеу.