Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во пресрет на вечерашниот меч од осмина финалето на Лигата на шампионите меѓу Барселона и ПСЖ за француски Л`Екип зборуваше Стефано Верати.
Марко Верати спаѓа во редот на најбараните фудбалери на светот. Тој е меѓу најталерентираните играчи за врска на планетата, а тоа го става на списокот на желби на голем број на клубови.
Последен клуб во низата кој е заинтересиран за неговите услуги е Барселона, а ТУКА прочитајте и што легендата од Ноу Камп има да каже за преминот на италијанскиот репрезентативец во Каталонија.
Сега во пресрет на реванш мечот од 1/8 финалето на ЛШ, зборуваше и братот на Верати братот Стефано, а неговите зборови може да разочара многумина.
„Мојот брат секогаш го почитува тимот за кој игра. Мислам дека кога би можел, тој би останел до крајот на кариерата во Париз. Неговиот син е тука роден, а и на него самиот му се допаѓа градот“, изјави Стефано Верати.
Братот на Верати рече и дека очекува неговиот брат пред крајот на кариерата повторно да заигра за Пескара, но и дека очекува некој период да помине во Кина.
„Според мое мислење, Марко во Италија ќе се врати само ако ПСЖ се реши да го продаде. Моја проценка е дека тој во својата 32 или 33 година ќе се врати во Пескара да ја заврши кариерата, но и дека пред тоа ќе помине некоја година во Кина“, додаде братот на играчот за врска нс Пари Сен Жермен.