Брегзит ќе носи промени и во Премиер лигата: ФА со нов прелог, странските играчи исклучиво под посебни услови ќе играат на Островот?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Премиер лигата би можела да доживее драстични промени,а причината е Брегзит.

Велика Британија на референдумот изгласа исклучување од Европската унија, па тоа сосема е сигурно дека ќе влијае и на тамошниот фудбал.

Во таа насока, ФА ќе им предложи на клубовите во Премиер лигата од следната сезона да се зголеми бројот на играчи кои произлегле од британското тло од 8 на 12.

Тоа практично би го сочинувало половина тим, а дополнителен проблем би претставувало тоа што странските фудбалери би морале да добијат работна дозвола без оглед на тоа дали се државјани на ЕУ или не.

Освен во случај Премиер лигата да не постигне договор со ФА па работите во англиското натпреварување да останат вакви какви што се.