Брзиот Суарез и мајсторот Меси го расплакаа Висенте Калдерон (ВИДЕО)


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона победија на Висенте Калдерон против Атлетико Мадрид во првиот натпревар од 1/2 финалето во купот на кралот, 1:2.

После седум минути игра каталонците имаа водство. Луис Суарез ја претрча цела одбрана на Атлетико и постигна погодок.

Лионел Меси во 33-та минута постигна фантастичен погодок за 0:2.

Атлетико Мадрид преку Гризман во второто полувреме ја намали предноста на Барселона, 1:2.

Меси од слободен удар шутираше, но Моја фантастично го одбрани ударот. На крајот каталонците се радуваа, 1:2.