Брилијантна завршница за Лина Ѓорческа, стигна до титулата во Киасо!

Денес во конкуренција на парови се одигра финалето во Киасо.

Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа заедно со Александрина Најденова ги победија Ван Дер Хоек и Катерина Крамперова со 7:5, 2:6 и 10:7 и така стигнаа до титулата.

Лина повторно имаше одличен настап во конкуренција на двојки и се закити со нова титула додека во поединечна конкуренција беше елиминирана во ¼-финале.