Буфон едвај издржа на церемонијата на ФИФА


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот голман Џанлуиџи Буфон, ја освои наградата за најдобар голман во 2017. година на церемонијата на ФИФА во Лондон.

Буфон зад себе имаше сјајна сезона со Јувентус со кој повторно ја освои двојната круна во Италија.

Единствено нешто што остана неосовено беше Лигата на Шампионите, бидејќи Старата дама во финалето изгуби од Реал со 4:1.

Меѓутоа и покрја тоа искусниот Италијанец беше избран за најдобар голман во оваа година.

За оваа награда нема дилеми, Буфон беше најдобар пред својата конкуренција, а колку тоа сето му значеше можеше да се види кога голманот на Јувентус излезе на бината.

Тој додека ја примаше наградата, некако успеа да ги сокрие своите емоции, но кога почна со својот говор, веќе не можеше да издржи.

Тој пушти и неколку солзи, што покажаа колку многу му значи оваа награда и што е избран за најдобар во светот и покрај тоа што има 39 години.