Буфон покажа дека е класа (видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познато е дека голманот на Јувентус, Џиџи Буфон е вистински спортски џентлмен, како на теренот така и надвор од него, а тоа го покажа и на вчерашниот натпревар против Наполи.

„Старата дама“ беше поразена во големото дерби на домашен терен од Наполи со 1:0, со што одлуката за титулата е дополнително одложена.

Наполитанците стигнаа до победа со гол во 90. минута, а додека сите фудбалери на Јувентус веднаш заминаа во соблекувалните по последниот судиски свиреж, Буфон остана на теренот и им честита на гостинските фудбалери за победата.

Со овој потег Џиџи Буфон уште еднаш покажа дека е вистинска класа во секоја смисла на зборот.