Валверде: Можеби Меси ќе заигра на Меаца


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако најдобриот играч на Каталонците неодамна ја скрши раката, експресно се опорави и веќе е во конкуренција за натпреварот кој Барса го игра против Интер во рамките на ЛШ.

Меѓутоа, Валверде истакнува дека Меси ќе заигра само доколку клубот процени дека е 100% спремен за настап.

„Можеби Меси ќе заигра против Интер, но не сум сигурен во тоа. Може ќе заигра, но чекаме извештај од докторите, па заедно ќе ја донесеме одлуката. Тој на тренинзите покажа дека е опоравен, но не знам колку е паметно да се ризикува нова потенцијална повреда“, рече Валверде.

Мечот Интер – Барселона се игра денес со почеток од 21.00 часот.