Валверде : Ракитиќ е клучен играч за нас, се надевам ќе остане


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Барселона вели дека Ракитиќ е клучната алка во неговиот тим и во потполност смета на него во претстојната сезона во шпанската лига.

Хрватскиот среден играч се наоѓа на мета на ПСЖ, кои наводно се спремни да платат 90 милиони евра за неговите услуги. Валверде вели дека тој мора да остане на Камп Ноу.

„ Ракитиќ е клучен играч за нашиот тим, ги сакам најдобрите играчи, а Ракитиќ е таков. Тој знае како играме, ние знаеме што добиваме од него и тука нема никакви сомнежи. Се надевам дека ќе остане со нас.“ – истакна тренерот на Барселона.

Вицешампионот од Светското првенство со селекцијата на Хрватска ги одигра сите 90 минути во првото коло од Ла Лига и би требало да биде и во тимот против Ваљадолид.