Валенсија стана 10% посилна, чилеанецот си замина од Виго


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од друга страна Селта се засили од Брондби.

Се зборува за нив со денови. Само што Селта и Валенсија не успеваат да се договорат за висината на оштетата. Едуардо Берицо јавно кажа дека Фабиан Орељана нема да игра повеќе за тимот од Виго дури е тој тренер. Валенсија така доби аргумент повеќе за преговарање и најверојатно успеа да го натера чилеанецот да стигне кај нив.

Дека така ќе биде стана јасно кога Селта соопшти дека доведе дански фудбалер од Брондби. За 1.1 милион евра го доведе 22-годишниот Ејндру Хјулсагер.

Берицо поради непочитување не го ставаше да игра Орељана, но тоа не некое изненадување кога се работи за чилеанецот бидејќи на сличен начин во 2013-та година ја напушти Гранада.

Селта бараше 3.5 милиони евра, Валенсија со понуда од 2 милиони евра се обидуваше да ја спушти цената, а на крајот се најдоа на 3 милиони евра.