Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми пишуваат дека ѕвездата на Интер, Мауро Икарди, би можел да си замине од клубот, откако неговата сопруга и агент, Ванда Нара поставила нови услови пред управата на гигантот.
Клубот му понудил плата од седум милиони евра, но Ванда барала девет милиони евра за сопругот, плус бонуси и клаузула за откуп.
Таа во моментов изнесува 110 милиони евра, а Интер сакаше да ја исфрли од договорот, но очигледно такво нешто нема да се случи доколку се договорат за продолжување на соработката.
Медиумите пишуваат дека сега е време кога Реал Мадрид треба да тргне по потписот на Икарди и да плати 110 милиони евра. Се споменуваше и размена за Тони Крос, но такво нешто е речиси невозможно.
Да потсетиме, Икарди повтори дека сака да остане, но Интер не сака да се согласи на условите на неговата сопруга. Марота смета дека Лаутаро Мартинез би бил добра замена, а парите од Икарди би можеле да ги искористат за Барела и Тонали, со што би си ја обезбедиле иднината.