Ван Нистелрој поради обичен потег добил жестока лекција од Фергусон


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Манчестер јунајтед игра катастрофално по заминувањето на Сер Алекс Фергусон, а последната титула ја освоија токму под негово водство.

Феругсон соработуваше со многу фудбалери во текот на богатата кариера, а еден од нив е Руд Ван Нистелрој, кој го носеше дресот на „црвените ѓаволи“ од 2001 до 2006 година.

Легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Гери Невил, откри интересен податок за односот на напаѓачот со Фергусон по поразот од Манчестер сити (1-3) во 2002 година.

Ван Нистелрој разменил дрес со противнички фудбалер по натпреварот, а потоа Феругсон му одржал лекција.

„Овие дресови не се подаруваат. Тие се мои дресови и на клубот, а не твои. Ти ги носиш привремено и тоа не е твое сопствеништво за да го подаруваш“, кажа Фергусон.