Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рафаел Варан го шокираше раководството на Реал Мадрид и го извести клубот дека нема намера да го продолжи договорот бидејќи донел одлука да ја промени срединната
Враќањето на Зидан на клупата на „кралевите“ наводно не промени ништо во одлуката на 25-годишниот дефанзивец, кој освои се што може да се освои со шпанскиот гигант, па сега посакува нов предизвик надвор од Шпанија.
Еминентниот „Екип“ тврди дека Варан го известил раководството на „кралевите“ за своите намери, дека не е спремен да стави потпос на нов договор, односно размислува за заминување од „Сантиаго Бернабеу“.
Варан од почетокот на сезоната имаше лош третман кај тренерот Лопетеги, но е изнервиран повеќе од однесувањето на раководството кон него и смета дека не го ужива во клубот статусот кој го заслужува.
Се уште нема причина за паника во Мадрид со оглед на фактот дека Варан има важечки договор со „кралевите“ до јуни 2022 година, но по се изгледа дека Реал во блиска иднина ќе мора да размислува за негова замена.
Вчера се појави информација дека Јувентус е силно заинтересиран за Французинот и дека спремил понуда од 80 милиони евра.
Покрај „бјанконерите“ интерес за Варан покажуваат уште Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Баерн Минхен.