Вардарки за малку да прокоцкат шест погодоци предност – Мец тешко совладан


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ракометарките на Вардар во спортскиот центар Јане Сандански го совладаа Мец во натпревар од второто коло од четвртфиналната фаза, 23:21

Се играше гол за гол на почетокот на натпреварот се до резултатот 7:7. Следуваа два погодоци во низа на Вардарки за водство од два погодоци, 9:7.

Пред крајот на првото полувреме домашните ракометарки постигнаа два погодоци во серија за 13:10. Мец до крајот на првото полувреме постигна уште еден погодок за 13:11.

 

На почетокот на второто полувреме Вардарки стигнаа до пет погодоци предност, 16:11. Потоа Вардарки ја имаа и најголемата предност на натпреварот, шест погодоци предност, 20:14.

Со два погодоци во низа на гостите, Мец намали на четири негатива, 20:16. Три минути пред крајот на натпреварот ракометарките на Мец намалија на еден негатива, 22:21.

Лакрабер промаши пенал за да го реши натпреварот, но ракометарките на Мец ја погодија пречката, па Радичевиќ погоди во празниот гол за победа на Вардарки, 23:21.

Сања Дамњановиќ со 5 погодоци беше најефикасна кај Вардар. Александра Лакрабер додаде 4 погодоци. Кај Мец најефикасна натпреварот го заврши Ана Грос со 5 погодоци.