ВАРДАРКИ СЕ НА Ф4 – Митјиланд и во реваншот победен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ракометарките на Вардар го победија Митјиланд во СЦ Јане Сандански во реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на Шампионите, 26:24.

Вардарки натпреварот го започнаа со серија од два погодоци, 2:0. Гостите од Данска направија серија од три погодоци и стигнаа до првото водство на натпреварот, 3:4. Двата погодоци во низа на ракометарките на Вардар беа доволни за водство, 6:5. Пред крајот на првото полувреме Митјиланд постигна два погодоци во низа за минимално водство, 11:12.

Лош почеток на Вардарки во второто полувреме, а тоа го искористија гостите и стигнаа до водство од три погодоци, 12:15. Следуваше огромна серија на Вардарки од седум погодоци за плус два, 18:16. Гостите со два погодоци во низа го израмнија резултатот, 19:19. Десет минути пред крајот на натпреварот Вардарки со серија од 2:1 имаа минимална предност, 22:21. Вардарки потоа стигнаа и до три погодоци предност, 24:21. Митјиланд три минути пред крајот на натпреварот намалија на еден негатива, 26:24.

Андреа Пенезиќ и Андреа Човиќ со по 6 погодоци го предводеа Вардар до победа. Андреа Лекиќ постигна 4, Јованка Радичевиќ, Тамара Мавсар, Александра Лакрабер и Сара Ристовска по 2, Барбара Лазовиќ и Ања Алтхаус по 1 погодок. Стине Јоргенсен со 6 погодоци натпреварот го заврши најефикасна кај Митјиланд.